Беса Адеми покажа професионална и правна некултура со неодоаѓањето на седниците, се вели во претставката за разрешување на претседателката на Врховен

Таа доставувала известувања за неприсуство, но не било поткрепено со доказ за оправдано отсуство.

by fokus

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми покажа професионална и правна некулура со недоаѓањето на седниците, особено на седницата на која беше повикана откако јавно обзнани дека има политички притисок врз судии од Врховниот суд.

Ова е накратко она што и се замерува на претседателката на највисокиот суд, Беса Адеми која се соочува со иницијатива за разрешување пред Судскиот совет на последниот работен ден од оваа година.

Миљазим Мустафа, членот на Советот избран во Собрание на предлог на претседателот, Стево Пендаровски, во образложението кажа дека Адеми не присуствувала на седниците на советот иако е член по функција од 22 мај до 30 октомври.

Постапила спротивно на Законот на Судски совет и покрај тоа што е должна да учествува на седницата таа отсуствувала на 21 седница, рече Мустафа.

Таа доставувала известувања за неприсуство, но не било поткрепено со доказ за оправдано отсуство.

Не ги извршува законските обврски и во својство на претседател кој е член на Судски совет по функција во наведениот период со неприсуство на седниците оневозможи коордонирано, активно и ефикасно со цел остварување на неговите фунции со цел обезбедување на самостојноста и независноста на судската власт, рече Мустафа.

Таа, според него, го прекршила зсконот и со тоа што не присуствувала на работната средба на која ја повикал претседателот на Судскиот совет откако јавно кажа дека судии од највисокиот суд имале политички притисок за аболицијата на поранешниот претседател на Ѓорге Иванов.

Не само што го попречи и оневозможи Судскиот совет во остварување на својата функција туку и покажа професионална и правна некултура во почитувањето на институциите и придонесува во намалување на довербата на граѓаните во судството, рече Мустафа.

Претседател на дисциплинската комисија која ја разгледува иницијативата е Мирсад Сурои, а членови се Мери Радеска и Селим Адеми.

Иницијативата експресно се најде на расправа пред Судски совет по интервјуто на Адеми, кога таа кажа дека Врховен бил мета на притисоци да се оживее аболицијата.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости