Беровец загина откако со своето „Југо“ се забил во столб

by fokus

Жител на Берово вчера загинал во сообраќајна незгода, откако со својот автомобил удрил во столб.

„На 08.07.2019  околу 19.45 часот на ул.,,Вељко Влаховиќ“ во Берово Ѓ.Р.(75) од Берово, управувајќи патничко возило ,,Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб. Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено на семејството“, соопштува МВР.

Поврзани новости