377
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.
Водачот на Форца Италија кој беше хоспитализиран на 5 април ќе го напушти болничкиот оддел по 44 дена хоспитализација, пишува весникот Месаџеро.
Утрово новинарите почнаа да се собираат пред капијата на болницата за да го пречекаат Берлускони.
Тој беше на интензивна нега за третман на пневмонија што се појави во контекст на хронична миеломоноцитна леукемија.
Десет дена поминал на интензивна нега, а потоа бил префрлен на редовно одделение.