Откако вчера беше хоспитализиран во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, состојбата на Силвио Берлускони била стабилна, меѓутоа тој страдал од леукемија, информира Ројтерс.
Реномираната агенција се повикува на свои извори блиски до Берлускони како надоврзување на вчерашната вест за негово хоспитализирање.
Тој имаше проблеми со дишење, па беше сместен во одделот за кардиологија на миланската клиника.
Берлускони има 86 години и се уште е активен во фудбалот, како претседател на Монца, откако 20 години беше прв човек на Милан, од 1986 до 2006.
Неговата партија Форца Италија е дел од владеачката коалиција на премиерката Џорџа Мелони, иако тој лично нема улога во владата.