629
Доскорешната министерка за семејство, Франциска Гифеј денеска е избрана за градоначалничка на Берлин. Нејзин приоритет е забрзување на изградбата на станови поради зголемените кирии.
Четириесет и тригодишната Гифеј е првата жена избрана на чело на германскиот главен град, со кој раководи Социјалдемократската партија (СПД) во последните две децении.
Таа беше министерка за семејство во периодот меѓу 2018 и 2021 година во владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел.
Во мај поднесе оставка поради обвинувањата за плагијат на нејзината докторска теза. Подоцна и беше одземен докторатот, но таа остана доследна на својот план да се кандидира за градоначалничка на Берлин.