Берлин ги забрани протестите против мерките за Ковид-19

by Frosina Fakova

Градот Берлин денеска забрани неколку протести насочени против мерките за борба против ширењето на коронавирусот, планирани за овој викенд.

„Може да се очекува дека сегашните правила на борба против ширење на инфекцијата ќе бидат прекршени меѓу учесниците на протестот“, се вели во образложението на Канцеларијата за јавни собири, која работи во рамките на внатрешнополитичкиот комитет на Сенатот на градот Берлин.

Во образложението понатаму се вели дека за време на слични протести на почетокот на месецот, имало огромни намерни прекршувања на мерките против ширењето на коронавирусот.

Сенаторот за внатрешни работи на Берлин , Андреас Гајсел, најави „одлучна интервенција“ од полицијата во случај на непочитување на забраната.

„Не сум подготвен втор пат да дозволам Берлин да стане сцена за оние што го негираат коронавирусот, десничарските екстремисти и т.н. граѓани на Рајхот “, наведе тој во денешното соопштение.

Поврзани новости