Поранешниот албански претседател и премиер,и екс лидер на Демократската партија, Сали Бериша, е против идејата за менување на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија.
Тој вели дека не треба Прешевската долина да се користи за „трговија меѓу двете земји“, а уште помалку да се чепкаат границите на Косово, меѓународно признати од 115 држави.
Реакцијата на Бериша следува по најавата на косовскиот претседарел Хашим Тачи дека ќе има корекција на границите и припојување на Прешевската Долина ко Косово. Бериша кој се изјанува дека е против ваквата идеаја прашува што Србија добива за возврат.
На ова му возврати Тачаи,кој пу порача на Бериша дека на Косово не му се потребни совети од некој кој му помагал на Слободан Милошевиќ, со продавање нафта во периодот кога тогашна Југославија беше под меѓународни сакнции.
Тачи оди уште понатаму и вели дека совети не му се потрени од некој кој го засолнил Осама Бин Ладен и Аркан, го уапсил Адем Јашари и други команданти на ОВК. Совети посебно не од оние кои во перидот 1992/1997 година тргуваа и правеа незаконски зделки за да опстане армиската и полициска машинерија на „балканскиот касап, Слободан Милошевиќ“
– Оние кои полнејќи ги сопствените џебови, се грижеа резервоарите на возилата на Милошевиќ да бидат секогаш полни со гориво, иако меѓународната заедница имаше воведено санкции против него. Не ни требаат совети од оние кои го засолнаа Осама Бин Ладен, убиецот на светската цивилизација и Аркан, убиецот на Албанците на Косово,-му порача Тачи на Бериша.