Бериша од Вардар ја засили Шкендија, уште две нови имиња во Тетово

by fokus

Тетовскиот прволигаш Шкендија денеска соопшти дека се засилува со тројца нови фудбалери.

Лидерот на Првата македонска лига потпиша со 18-годишниот офанзивен играч од средниот ред Јакуп Бериша, кој доаѓа од Вардар.

Покрај Бериша, Шкендија се засили и со Берат Беќири и Зија Мерџани.

Беќири, кој е роден во Копенхаген, игра на позицијата десно крило, настапувал за данските клубови Аварта, Наествед и У19 тимот на Копенхаген.

Левиот бек Мерџани доаѓа од школата на Шкендија, претходно бил на позајмица во Дрита Боговиње, Гостивар и Струга Трим Лум.

Шкендија во моментов се наоѓа во Анталија, каде се подготвува за вториот дел од сезоната во ПМФЛ.

Поврзани новости