Албанската централна изборна комисија (ЦИК) денеска соопшти дека крилото предвоено од поранешниот лидер на опозицските демократи, Сали Бериша, нема право да учествува на предвремените делумни избори за градоначалници, сè додека не се регистрира како политички субјект.
-За учество на изборите ја регистриравме коалицијата „ Дом на слободата“ предводена од Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), заедно со Демохристијанската партија (ПДК), но не и Демократска партија-Комисија за обнова на Сали Бериша. Значи ПД-Комисија за обнова, не може да биде дел од оваа коалиција, сè додека не се регистрира како политички субјект, изјави Илиријан Целибаши, претседател на ЦИК.
Се додава дека одлуката стапува во сила веднаш, а рокот за приговор е 24 часа.
Тој го коментираше и отфрлањето на барањето на ПД на Љуљзим Баша, изборната коалиција „ Дом на слободата“ воопшто да не се регистрира за учество, посочувајќи дека барањето нема законска основа.
Бериша претходно имаше неуспешен обид за самостоен настап бидејќи во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша.
Предвремени избори за градоначалиник ќе се одржат на 6 март, во Драч, Скадар, Вора, Рогожина, Љушња и Пешкопеја.