Бериша му сврти грб на Мета

by Fokus

Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, му сврти грб на коалицискиот партнер, Партијата на слободата, на Илир Мета, најавувајќи дека нема да го поддржи протестот во петок (6 декември), пред СПАК.

Бериша рече дека опозицијата не треба да се занимава со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), туку со Еди Рама.

– Постои едно прашање во основата на дебатата, а тоа е дека СПАК не мора да биде агендата на опозицијата. Опозицијата не треба да се занимава со СПАК, туку со Еди Рама. Многу поправилно е опозицијата да се занимава и секојдневно да се занимава со Еди Рама – одговори меѓудругото Бериша на новинарско прашање „дали го поддржува протестот на Мета“.

За разлика од Бериша, кому мерката „куќен притвор“ му беше укината на 27 минатиот месец, а чија партија организираше протести пред влада, парламентот, градското собрание на Тирана, партијата на Мета, кој е во затворски притвор, секогаш даваше поддршка и учествуваше на истите.

Поддршка нема да му даде ни неговата сопруга, Моника Круемади, со која се во процес на развод, велејќи дека нема да учествува бидејќи ја напуштила политиката.

– Нема за учествувам. Веќе не се занимавам со политика, почнав друга професија, очигледно ќе станам помошник-адвокат, изјави Круемади, која додека Мета беше шеф на државата беше лидер на партијата.

Поврзани новости