Бериша кон медиумите: Не го примајте Рама, тој е корумпиран човек!

by Fokus

Лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија и поранешен албански претседател и експремиер Сали Бериша од седиштето на партијата ги повика медиумите да не го канат премиерот Еди Рама во емисиите, зашто во спротивно ќе се соочат со жестоки протести.

– Ги повикувам сите новинари да не го примаат во телевизиите овој корумпиран човек. Тоа е исто како да земеш криминалец во студио, кој не сака да се соочи со правдата. Пред секоја телевизија што ќе го прими ќе организираме жестоки протести, порача тој.

Членовите на партискиот Форум на млади, во четвртокот навечер протестирале пред ТВ Клан каде премиерот Еди Рама бил гостин во емисијата „Опињон“.

– Тоа беше само почеток. Ќе видите. Искрено ви кажувам, бојкотирајте го, не му давајте простор. Ќе преземеме мерки тој да не стапне во ниту едно студио, се закани Бериша

Поврзани новости