Бербок: Се надеваме дека Кина ќе ја охрабри Русија да ја прекине агресијата против Украина

by Fokus

Кинеската влада објави дека нема да испорачува оружје на Русија како поддршка на актуелната инвазија на Москва на Украина

„Не даваме и нема да им доставуваме оружје на страните во конфликтот“, рече министерот за надворешни работи, Чин Ганг по средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Пекинг.

Улогата на Кина во Украина е да промовира помирување и да ги унапреди мировните преговори, рече тој и напомена „Нема да долеваме масло на огнот“.

Бербок ја повика Кина посилно да го притисне рускиот претседател Владимир Путин за да ја прекине војната против Украина.

„Како што Кина успешно учествуваше во мирното помирување меѓу Иран и Саудиска Арабија, се надеваме дека тоа исто така ќе ја охрабри Русија конечно да ја прекине својата агресија против Украина и да се вклучи во мирно решавање на конфликтот“, рече шефицата на дипломатијата на Германија.

Таа го пофали Пекинг што ја сигнализира својата посветеност за изнаоѓање решение.

Поврзани новости