Бербок: Путин не сака да преговара, сака да ја уништи Украина и да го вовлече НАТО во војна

by Fokus

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека очекува натамошна ескалација на војната во Украина, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да преговара.

– Тој повеќе од јасно дава до знаење дека е надвор од дофатот на рационалните аргументи и вредностите на човештвото. И тој сигурно не сака да преговара, изјави Бербок за медиумската група „Функе“.

Таа оцени дека ќе има незамисливи последици доколку Украина биде поразена во војната.

– Човештвото мора да победи, рече Бербок, додавајќи дека безбедноста на Европа и меѓународниот поредок ќе бидат загрозени доколку Русија ја победи Украина, пренесува Тагешпигел.

– Поддршката за Украина е наша сопствена безбедносна гаранција – смета Бербок.

Сепак, таа ја отфрли можноста за испраќање европски копнени трупи во Украина.

Според Бербок, целта на Путин е да го уништи постоењето на Украина како независна, слободна земја и да го вовлече НАТО во војна.

– Од самиот почеток јасно ставивме до знаење дека тоа никогаш нема да го дозволиме, рече Бербок.

Поврзани новости