Бербок: Ниту еден европски војник нема да биде испратен во војната во Украина

by Fokus

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека дебатата за можно испраќање на европски мировни сили во Украина е „преуранета“.

– Ниту еден војник нема да биде испратен во овој жесток конфликт, изјави Бербок за германскиот јавен сервис ЗДФ, пренесува агенцијата ДПА.

Во европските земји се отвори дебата по едностраното соопштение на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни преговори за војната во Украина.

Трамп и други високи американски претставници потврдија дека САД нема да испратат свои воени трупи во никаков мировен аранжман во Украина.

Бербок нагласи дека „одржувањето на мирот е европска задача“ и дека за каков било договор за Украина не може да се преговара без учество на Украина и европските партнери.

Поврзани новости