Бербок: Кина може да ја запре војната!

by Fokus

За време на денешната прес-конференција во Берлин, која ја одржа заедно со нејзиниот кинески колега Чин Ганг, германската министерка за надворешни работи – Аналена Бербок изјави дека Кина може да одигра одлучувачка улога во завршувањето на војната во Украина, пишува The Guardian.

Бербок рече дека Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, може да влијае на конфликтот и да го доведе до крај.

На ова реагираше Ганг, велејќи дека Кина нема „да го гледа огнот од другата страна на брегот“ или „да долева масло на огнот“.

Поврзани новости