Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок ја оправда одлуката на Берлин да не го забрани увозот на руска нафта како одмазда за инвазијата врз, велејќи дека тоа ќе ја турне Германија во хаос, што би било победа, а не пораз за Кремљ.
– Ако Германија веруваше дека забраната за увоз ќе стави крај на војната, ќе го направи тоа. Но не верува, рече таа.
Германија е зависна од Русија за една третина од увозот на нафта, што е многу поголема зависност од САД, кои претходно објавија ембарго за увоз на руски енергенси.
– Доколку веднаш го забранивме, утре во Германија нема да можеме да се движиме, рече таа.
Бербок додаде дека клучните работници како наставниците или медицинските сестри нема да можат да доаѓаат на работа, а и струјата ќе биде проблем.
САД денеска објавија дека воведуваат ембарго за увоз на руска нафта и гас, додека Велика Британија соопшти дека постепено ќе го укине увозот на руски енергенси до крајот на 2022 година, што дополнително ќе го зголеми притисокот врз Москва поради инвазијата врз Украина.