Бензините поевтини за три денари

by Fokus

Цената на бензините од полноќ се намалува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 102,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 104,5 денари за литар. Цената на дизелот останува непроменета 100 денари за литар и на Екстра лесното масло за домаќинство 98 денари за литар. Цената на мазутот ќе биде 50,903 денари за килограм

Поврзани новости