575
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според Одлуката новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 75,50 денари, Дизелот ќе се продава по 65 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство 54 денари за литар.
Се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 34,53 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 78,68 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 52,06 денари.