Бензема си оди од Реал Мадрид

by Fokus

Францускиот фудбалски напаѓач Карим Бензема по цели 14 години го напушта тимот на Реал Мадрид и својата кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Засега детали не се потврдени, но според објавите на шпанските медиуми станува збор за договор со Ал Итихад за 100 милиони евра по сезона.

Во средата францускиот ас имал состанок со тренерот Карло Анчелоти на кој го известил за своите планови, а во клубот, според информациите, немале намера да му прават проблеми.

Понудата од Ал Итихад, Бензема ја добил пред неколку недели, меѓутоа побарал време за да се одлучи.

Бензема во Мадрид пристигна во 2009 година и со 353 гола на вкупно 647 натпревари е втор најдобар стрелец на „кралевите“.Пред него е само Кристијано Роналдо.

Тој со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ освои пет титули во ЛШ, четири во шпанската Ла Лига и три трофеи во Копа Дел Реј.

Поврзани новости