Израелската Партија за национално единство, предводена од министерот за воен кабинет Бени Ганц, поднесе предлог-закон за распуштање на израелскиот парламент и одржување предвремени избори во земјата, објави израелскиот весник „Хаарец“.
Во Израел со недели се одржуваат протести со кои се бара предвремени избори, а демонстрантите тврдат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху лошо управува со војната во Газа и дека не направила доволно за да постигне договор со палестинскиот Хамас за враќање на заложниците од палестинската енклава, пишува Ал Џезира.
Ганц кон средината на месецот објави дека неговата опозициска Партија за национално единство ќе се повлече од коалициската влада доколку планот за повоено управување со Газа не биде консолидиран и одобрен до 8 јуни, со што се доведува во прашање иднината на израелската влада.