Бенет: Иран е опасно блиску да направи нуклеарна бомба

by Fokus

Иранската влада е „опасно блиску“ до правење нуклеарна бомба, поради што е потребен поостар одговор од Западот, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет во интервју за денешното издание на „Телеграф“.

-Иран збогатува ураниум до невидени размери и е опасно блиску до создавање нуклеарно оружје. Без притисок од Западот, исламскиот режим во Иран може многу брзо да стигне до атомската бомба. Светот мора да заземе цврст став и да му каже на исламскиот режим во Иран: нема нуклеарно оружје, нема санкции. Нуклеарната програма на Иран нема да запре додека навистина не запре, рече Бенет , пренесен од Тасс.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕЕ) на 8 јуни усвои резолуција во која го критикува Иран затоа што не сакаше да објасни од каде доаѓаат честичките на ураниум на три непријавени локации.

Поврзани новости