997
Од денес, Белорусија воведе ембарго за увоз на широк спектар на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции против официјален Минск, објави прес-службата на белоруската влада.
„Списокот на роба со потекло од ЕУ и нејзините земји-членки, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Обединетото Кралство, Црна Гора, Швајцарија, се забранети за увоз во Белорусија и продажба во Белорусија“, се наведува во документот, објавен неодамна на порталот за правни информации при белоруската влада.
На списокот на роба чиј увоз е забранет се месни производи, сол, кондиторски производи, млеко, јаткасти плодови, овошје, живи свињи…