Белорусија тргнува во лов по ретки минерали: Лукашенко нареди пребарување на депонии по изјавата на Путин

by Fokus

Белорускиот претседател Александар Лукашенко нареди почеток на потрага по ретки метали во земјата, наведувајќи дека депониите во Белорусија најверојатно содржат ретки минерали и му наложи на релевантниот министер да ги истражи можностите за понатамошно истражување, вклучувајќи нафта, гас и други ресурси.

Лукашенко посочи дека геолошките истражувања во земјата не се доволно развиени, а потрагата по ретки метали досега не е извршена, пренесе РИА Новости.

- Advertisements -

– Ретките земјени метали ги спомнува само (американскиот претседател Доналд) Трамп во САД. Сè уште не сте размислувале за тоа. Можеби имаме толку многу од нив како и другите“, рече Лукашенко, додавајќи дека иднината е во пронаоѓањето и искористувањето на овие ресурси.

Тој стапил во контакт со вицепремиерот и го задолжил заедно со ресорниот министер да „се занимава со проблемот“.

Ретките метали, како што се итриум, лантан, цериум, неодимиум и други, се користат во производството на високотехнолошки уреди како што се компјутери, паметни телефони и одбранбени системи.

Иницијативата дојде откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела ја истакна важноста од развојот на индустријата за ретки метали, поставувајќи цел за воспоставување целосен циклус на преработка до 2030 година.

Поврзани новости