Белорусија ја обвини Украина за инцидент на границата

by Fokus

Белоруската гранична стража обвини дека камера на контролен пункт на украинско-белоруската граница снимила украински војник кој „илегално ја преминал границата, ја фотографирал и снимал областа и оставил нешто во снегот“.
Ваквите ситуации на границата „може да доведат до вооружен конфликт“, објави белоруската гранична служба.

Украинските власти се уште не ги коментирале наводите.

Белорусија учествуваше во руската агресија против Украина дозволувајќи им на руските трупи да ја користат белоруската територија за напад на Украина и снабдувајќи ја Русија со оружје.

Поврзани новости