Белорусија го прекинува учеството во Источното партнерство на ЕУ

by fokus

Белорусија соопшти дека го прекинува своето учество во Источното партнерство на ЕУ, кое има за цел да ги приближи Европејците и поранешните советски републики, во знак на протест против воведените санкции кон Минск.

„Не можеме да ги исполниме нашите обврски од овој договор во контекст на санкциите и ограничувањата наметнати од ЕУ“, се вели во соопштението на белоруското Министерство за надворешни работи. Во него се додава дека почнато е со „спроведување на суспензијата“.

Европејците ги засилија санкциите против Минск во врска со репресиите на големите протести предизвикани од реизборот на претседателот Александар Лукашенко во август 2020 година, за кој сметаат дека е наместен.

Поврзани новости