408
Министерството за одбрана на Белорусија испрати соопштение до јавноста по коментарот на претседателот Александар Лукашенко дека во Полска, Литванија и Украина се подготвуваат терористички напади врз Белорусија.
-Белорусија нема да влезе во војна со соседите, не сакаме да се бориме со никого. Ако не сакате и вие и не преземете погрешни чекори, тогаш нема да има војна, кажа министерот Виктор Хрењин.
Хрењин ја повика Украина да прекине со провокации до Белорусија и да се воздржи од дополнителни коментари и организирање напади врз Минск.