320
Белизе денеска објави дека ги прекинува дипломатските односи со Израел поради неговата офанзива во Појасот Газа.
„Владата на Белизе ја повлекува акредитацијата на израелската амбасадорка во Белмопан и ги суспендира сите активности на нејзиниот претставник во Израел“, соопштија тамошните власти, најавувајќи дека одлуката ќе стапи на сила „веднаш“.
Малата централноамериканска земја стана втората латиноамериканска земја која ги прекина врските со Израел, откако Боливија го стори тоа на 1 ноември.
Колумбија, Чиле и Хондурас ги поканија своите амбасадори во Израел на консултации.
Белизе се противи на смртта на „невините цивили“ во Газа, каде, според Министерството за здравство под контрола на Хамас, биле убиени 11.300 луѓе, меѓу кои 4.650 деца.