Белингем – највреден фудбалер во светот

by Fokus

Фудбалската опсерваторија CIES ја објави листата на 100-те највредни фудбалери во светот. На врвот е играчот од средниот ред на англиската репрезентација и Реал Мадрид, Џуд Белингем, кој е проценет на 280 милиони евра.

На второто место е Норвежанецот од Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, чија пазарна вредност е 255 милиони евра, а трет е напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор, вреден 240 милиони евра.

Топ 10 највредни играчи според CIES:

1. Џуд Белингем (Реал Мадрид), 280 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), 255
3. Винисиус Јуниор (Реал Мадрид), 240
4. Родриго Гоес (Реал Мадрид), 220
5. Фил Фоден (Манчестер Сити), 203
6. Букајо Сака (Арсенал), 195
7. Џулијан Алварез (Манчестер Сити), 168
8. Ламине Јамал (Барселона), 140
9. Мартин Одегард (Арсенал), 135
10. Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), 133

Поврзани новости