555
Од Министерството за внатрешни работи излегоа со официјални информации за смртта на актерката Билјана Беличанец Алексиќ. Од таму потврдуваат дека Беличанец си го одзела својот живот, а дека веќе мртва во нивниот стан ја пронашол нејзиниот сопруг.
„На 06.04.2019 г.околу 22,30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул. „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР.