Белград со услов: Првo повлекување од северот на Косово па потоа продолжување на дијалогот

by Fokus

Србија инсистира на одржување мир и продолжување на дијалогот во Брисел, но не се согласува со несоодветни изјави што ќе ја префрлат вината врз Белград, ниту ќе прифати решенија наметнати со еднострани криминални дејствија, oва се заклучоците кои денеска на вонредна седница ги усвои српскиот Совет за национална безбедност свикан поради најновите случувања на Косово.

По денешната седница на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претстави три основни заклучоци во врска со понатамошните потези на Србија по вчерашната акција на спецјалните косвски сили Росу на административните премини Брњак и Јариње.

Како што истакна за време на своето обраќање по седницата на Советот, за да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, првиот услов е повлекување на сите припадници на косовските безбедносни сили од северно Косово и враќање во претходната ситуација, а вториот е за Европската унија односно таа треба да одговори дали се уште постои договорот од Брисел или не.

Вучиќ рече дека Србија ќе побара од ЕУ да одговори на тоа прашање во рок од еден месец, но и на прашањето кога ќе се формира Унијата на српски општини и дека „нивното молчење“ ќе биде „одговор дека овој договор не постои“.

Седницата на Советот за национална безбедност беше свикана по вчерашната акција на специјалните единици на РОСУ на административните премини Јариње и Брњак, со кои беа отстранети регистарските таблички од српските автомобили.

 

Поврзани новости