„Белград секогаш бил обвинуван дека е Путин, а тие се Зеленски“, вели Брнабиќ

by Fokus

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека нема разлика меѓу она што го кажува опозицијата во Србија и она што го кажува Приштина.

„Би рекла дека приштинските медиуми би биле горди доколку нивните медиуми известуваат како што известуваат тајкунските медиуми во Србија“, рече таа.

Таа додаде дека ако се погледне интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за Си-ен-ен, ќе се види дека фактичката состојба е целосно ирелевантна. „А тоа е притисокот против кој се бори Вучиќ“, рече таа.

„Имате голем лош волк, а тие се јадни, без разлика на сите потпишани договори до кои Приштина не се придржува. Така било и така ќе биде“, рече таа.

Српската премиерка потсети дека Белград секогаш бил обвинуван во смисла дека Белград е Путин, а тие Зеленски.

 

Поврзани новости