Белград нема да одвои ниту динар за организација на новогодишен дочек!

by Fokus

Укинато е финансирањето на сите програми кои не се неопходни за функционирање на градот, па така Белград нема да одвои ниту еден динар за организација на новогодишен дочек – пренесоа денес српските медиуми.

Според заменик градоначалникот Горан Весиќ, градот нема да организира ниту еден јавен настан по повод празниците. Ќе го нема традиционалното Божиќно село, Улицата на отворени срца, Плоштадот на бајките, ниту пак ќе бидат поставени тезгите на Кнез Михајлова.

Исто така, нема да има ниту традиционален огномет на полноќ. Според Весиќ, градот се откажал од средствата наменети за дочекот уште при првиот ребаланс на буџетот во април. Од пред неколку месеци се јавиле низа на приватни компании кои понудиле спонзорство околу организација на дочекот, но од Град Белград им се заблагодариле и им порачале средствата да ги уплатат за купување на медицинска опрема.

-Ги повикуваме сите граѓани да носат заштитни маски, да не одат на места каде има повеќе луѓе. Само така можеме живи и здрави да ја дочекаме 2021 година, за која се надеваме дека ќе биде посреќна од оваа која се завршува – порача Весиќ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости