316
Граѓаните на три главни градови од регионот утрово се разбудија во смог. Имено, главните градови на Бугарија, Србија и на БиХ се најдоа на листата 10 најзагадени градови во светот.
Според податоците на IQAir, Сараево е петти најзагаден град во светот со индекс на загаденост од 168, а во утринските часови беше и позагаден и на трето место на листата.
Пред Сараево се најде Белград (169), Мумбаи (169), Делхи (197), а најзагаден град е Лахоре во Пакистан со индекс на загаденост од 214.
Софија е на десеттото место со индекс на загаденост од 153.
Според официјалните податоци, воздухот во овие градови е загаден со ПМ 2,5 честички повеќе од 12 пати од дозволеното.