592
Белгискиот принц Јоаким е позитивен за КОВИД-19, откако се заразил на забава во Шпанија, пренесува БиБиСи.
Белгиската палата открила дека 28-годишниот принц од Белгија отпатувал за Шпанија на 26 мај поради работа, но во Кордоба одлучил да посети една од забавите на кои присуствувале 27 лица.
Според правилата што важат за Кордоба, но и некои други шпански градови, дозволено е да се соберат максимум 15 лица на едно место, па властите започнале истрага за да утврдат дали се прекршени строгите правила.
Секој што присуствувал на забавата во моментов е во строг карантин, додека принцот Јоаким рекол дека чувствува само благи симптоми на болеста.