Белгијците од утре ќе излегуваат од дома само за доктор, лекови и храна

by Фокус

Белгискиот Национален безбедносен совет од утре напладне воведува построги мерки на социјална изолација за да го спречи ширењето на Ковид-19.

На белгиските државјани ќе им биде дозволено само да ги напуштат домовите ако одат на лекар, аптека или прехранбена продавница.

Од граѓаните се бара да останат дома, а одење на работа ќе им бидат дозволено само на оние кои не се во можност да работат од дома.

Најновите бројки покажуваат дека досега во Белгија се заразени 1.243 лица, а 10 од нив починале од коронавирусот.

Поврзани новости