Можно е да се биде заразен со две варијанти на ковид истовремено, предупредуваат експертите, а пренесува Би-Би-Си. Имено, 90-годишна жена се заразилa со алфа и бета сојот на вирусот. Таа починала во март 2021 година во Белгија и не била вакцинирана.
Лекарите се сомневаат дека таа била заразена од две различни лица. Се верува дека ова е прв ваков документиран случај (алфа и бета сој), иако ваквите појави се ретки, се јавуваат двојни инфекции.
За нејзиниот случај ќе се дискутира на овогодинешниот Европски конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести.
-Двете варијанти циркулираа во Белгија во тоа време, па веројатно е дека дамата е заразена од два различни извори. За жал, не знаеме точно како се заразила. Живееше сама и имаше помошници кои се грижеа за неа. Тешко е да кажам дали двојната инфекција имала улога во брзото влошување на состојбата на пациентот , рече научникот др. Ана Ванкерберген од болницата ОЛВ во Алст, Белгија.
Во јануари годинава, бразилските научници откриле дека две лица биле заразени со два вида истовремено, од кои едниот бил гама сој.
Во меѓувреме, португалските научници откриле втор сој на коронавирус кај 17-годишно момче додека сеуште се опоравувало од инфекцијата со првиот.
Вирусите постојано се развиваат со мутација додека се реплицираат, создавајќи нови соеви.
Научниците развиваат нови вакцини кои ќе бидат поефикасни со новите верзии на вирусот, а истите може да се користат како поттик за веќе примената вакцина.