Белгија: Два смртни случаи поврзани со вакцината на Астра Зенека

by fokus

 Белгиската агенција за лекови информираше дека се регистрирани два смртни случаи во земјата по вакцинација со Астра Зенека, смртта најверојатно се должи на вакцината, јави дописничката на МИА од Брисел.

Агенцијата секој четврток ја информира јавноста за несаканите дејствија од лековите и вакцините.

За првпат денеска се регистрирани две починати лица откако примиле доза од Астра Зенека.

Агенцијата порача дека нивната смрт најверојатно е поврзана за вакцината. Најчести нус појави регистрирани во Белгија во вакцинацијата се покачена телесна температура, болки во мускулите и реакција на местото каде е примена инјекцијата.

Овие несакани дејствија најчесто се појавуваат после втората доза со вакцините на Фајзер и Модерна, и после првата доза со АстраЗенека.

Од сите 14.601 пријавени случаи на несакани појави, белгиската агенција смета дека 3077 се сериозни.

Регистрирани се вкупно 126 смртни случаи, но само последните два се сметаат за поврзани со вакцината. Во Белгија до сега речиси четири милиони граѓани примиле барем една доза вакцина.

Поврзани новости