Сега веќе поранешната претседателка на Советот на општина Центар, Јана Белчева во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека камен на сопнување меѓу неа и градоначалникот Саша Богдановиќ, меѓу другото, бил и планот за земјиштетото на поранешната фабрика Треска.
-Несоласувања постоеа веќе одредено време. Се обидувавме да ги надминеме, но безуспешно. Чашата ја прели последната седница, која беше закажана да оди преку дигитална платформа. Но, Советот со селективно повикување на советници на 4.5 одржал седница. За таа седница јас не бев инфомирана. На две минути пред почетокот добив известување на продолжување на седница за чии продолжение не сум потпишала акт. Ако некој се дрзнува да организарира седница без потпис од претседателот на Советот очиледно е дека се сака некој точки да поминат или не поминат на седницата.
Мојот став е дека просторот околу Треска треба 70 посто да биде зеленило. На овој град му фали зеленило. Да не беше донесен мораториумот, планот за Треска досега можеше да почне и да се реализира. Тоа беа згради и згради наредени, како наполитанки, во кој апсолутно нема да се обезбеди квалитетен живот .
Ние го заправме тоа, но сега е многу важно каква платрфома ќе се направи за да не се премине пак тоа да стане градежно земјиште, рече Белчева.