Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане замрзната и во случај „Талир“ да почне од почеток

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неодамна јавно обвини дека Кривичниот суд не дозволува поротникот со наполнети 60 години да ја напушти функцијата, за да наводно и понатаму се држи замрзнат имотот на партијата, во случајот „Талир“.

Поточно, на случајот „Талир“, но и уште на три предмети отворени од СЈО, им се заканува нов почеток, доколку Судски совет го разреши поротникот Митко Сандев, дел од судечка петорка, кој неодамна наполнил 60 години, а според законот веќе не може да дели правда.

Но, и во случај поротникот да си замине и предметот да почне од почеток, тоа нема да значи автоматско одмрзнување на имотот на партијата, бидејќи ваквата одлука не ја донесе судечкиот совет, туку судија на претходна постапка и тоа за време на истрагата за случајот „Талир“.

Во пракса, имотот се одмрзнува на крајот на постапката и тоа само во случај доколку се утврди дека е многу поголем од утврдената штета или не е поврзан со кривично правниот настан.

Случајот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Имотот на партијата беше замрзнат кон крајот на 2018 година, односно вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и зградата во која се наоѓа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Валентина Вурмо

Поврзани новости