276
Рускиот претседател Владимир Путин треба да престане да зборува за претстојните претседателски избори во САД, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
– Путин треба да престане да зборува за нашите избори. Не треба да фаворизира никого на кој било начин – изјави Кирби, пренесе Ројтерс.
Путин рано утрово изјави дека Русија ќе ја поддржи демократската кандидатка Камала Харис на ноемвриските претседателски избори во САД.
Говорејќи на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток, Путин истакна дека Камала Харис има „заразна смеа“, наведувајќи го ова како причина за руската поддршка за неа, а не за нејзиниот републикански противник Доналд Трамп, пишува рускиот весник „Известија“.