Белата куќа ја обвини Северна Кореја дека испратила над 1.000 контејнери со воена опрема и муниција во Русија.
Вашингтон, исто така, изрази загриженост за нивните проширени воени односи.
Белата куќа денеска ја обвини Северна Кореја дека ѝ испорачува оружје на Русија. Официјалните лица, исто така, објавија сателитски снимки за да ги докажат тврдењата.
Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека САД имаат информации дека Северна Кореја испорачала повеќе од 1.000 контејнери со воена опрема и муниција на Русија во последните недели.
The White House said on Friday that North Korea has delivered more than 1,000 containers of military equipment and munitions to Russia for its ongoing war in Ukraine.
The United States on Friday for the first time directly accused North Korea and Russia of supplying weapons.… pic.twitter.com/39A7oRtJHF
— NEXTA (@nexta_tv) October 13, 2023
За да ги поткрепи овие тврдења, Белата куќа објави и колекција од сателитски снимки на кои наводно се гледаат пратки кои потекнуваат од складиште за муниција на Северна Кореја, натоварени на брод со руско знаме, а потоа транспортирани со железница до складиште во близина на југозападната граница на Русија.