123
Координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, признал дека САД во моментов немаат средства кои би можеле да ги искористат за помош на Украина, јавуваат американските и руските медиуми.
Во тој поглед, тој ги повика сојузниците на Вашингтон да продолжат да го поддржуваат Киев.
„Немаме повеќе пари за ова“, рече претставник на американската администрација, истакнувајќи дека Конгресот може да одбие да обезбеди дополнителна помош за Украина.
Кирби додаде дека САД се надеваат дека нивните сојузници и партнери можат да продолжат да му помагаат на Киев.