50
Белата куќа денеска соопшти дека се „лажни“ обвинувањата на руската служба за надворешно разузнавање дека САД се обидуваат да се мешаат во претседателските избори во Русија.
„Тоа не е ништо повеќе од пропаганда“, рече портпаролот на Белата куќа на брифинг со новинарите, пренесе Ројтерс.
Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) во понеделникот предупреди дека САД планираат сајбер напад врз далечински електронски систем за гласање за да го комплицираат пребројувањето на гласовите на претседателските избори во Русија.