Економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља ги познал тројцата напаѓачи кои со тупаници го претепале на паркингот во Чаир и ги посочил на полицијата. Но не го знаел пиштолџијата кој го застрелал во нога, објави Телма, повикувајќи се на извори од истрагата.
Не само Беља туку и другите тројца приведени кои биле со него вечерта тврделе дека не го познаваат четвртиот напаѓач, велат изворите на Телма.
Мотивот за сега официјално не се соопштува. Медиумите пишуваа дека економскиот директор на Гинекологија имал несогласувања со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу затоа што му била стопирана општинската плата. Од општината негираа вмешаност на градоначалникот. Изјавата на министерот Спасовски дека Ганиу добивал закани од Беља, за што имало и пријава во МВР, укажува дека постоело некакво несогласување мегу двајцата функционери на ДУИ.
Од партијата пак тврдат дека инцидентот не е поврзан со ДУИ.