Африканската унија претставува 54 земји од африканскиот континент, а Г-20 се најголеми светски економии, како и економии кои брзо се развиваат, и заедно сочинуваат повеќе од 80 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП). Јужноафриканската република во моментов е единствената членка на Г20.
Директорот за африкански прашања во Советот за национална безбедност на САД, Џад Девермонт, рече дека е крајно време Африка да има постојано место на масата во меѓународните организации и иницијативи.
„Потребни ни се повеќе африкански гласови во меѓународните дискусии за глобалната економија, демократијата, владеењето, климатските промени, здравствената заштита и безбедноста“, додаде тој.
Бајден покани 49 африкански лидери да учествуваат во работата на тридневниот самит во Вашингтон, кој започнува во вторник.
Претставувањето во Г-20 ќе им овозможи на африканските земји поефективно да вршат притисок врз членовите на групата да ги претворат во акција нивните ветувања да и помогнат на Африка да се справи со последиците од климатските промени.