464
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги зголеми царините за руската стока на 35 отсто, како дел од суспензијата на статусот на најповластена трговска нација, што ја имаше Русија досега, објави Белата куќа.
Зголемувањето на царинските стапки на 35 отсто се однесува на увозот на „одредени други производи од Руската Федерација, чиј увоз досега не беше забранет“, се наведува во соопштениетона Белата куќа, пренесено од британските медиуми.
Поради војната во Украина, администрацијата на Бајден претходно забрани увоз на руска нафта и енергија, риба, морски плодови, алкохолни пијалоци и неиндустриски дијаманти.
Сè уште не е објавен анекс со списокот на производи што ќе подлежат на повисока царинска стапка.