340
Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против екс-министерот за економија, Крешник Бектеши поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.
Од полицијата информираат дека на 7-ми мај годинава, „Бектеши од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“.
Бектеши беше министер во поранешната Влада од 2017 година.