Бектеши за „метлата“: Јас сум дел од ДУИ и за кадрите на ДУИ одлучува Ахмети

by fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши во коментар на најавите на  премиерот Зоран Заев за разрешување на владини функционери поради незадоволство од нивната работа  вели дека за кадрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од која што е тој дел, одлучува партијата и нејзиниот лидер Али Ахмети.

Предметот во Антикорупциската комисија во однос на вработувањето на неговата сестра во државна енергетска компанија, како што изјави денеска Бектеши, е веќе завршен, не е утврдено дека има непотизам и конфликт на интерси, туку само административна грешка што требало да се пријави како вработување.

– Што се однесува до реконструкцијата јас сум дел од Демократската унија за интеграција која е сериозна политичка партија која има свои органи и претседателство и лидер  – Али Ахмети кој ќе одлучи за неговите кадри, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на натпреварот на ученички компании.

За мене, дополни тој, не е важно  дали  ќе бидам сменет или не, туку да се реализира програмата на ДУИ што е инкорпорирана во владина програма.

– Ако ДУИ одлучи дека треба да  одам на друго место или да го отстапам каде ќе кажат таму ќе  го дадам мојот придонес за доброто на партијата, но најмногу за доброто на државата, посочи Бектеши, посочувајќи дека анализа на неговото работење може да прави матичната партија.

Поврзани новости