424
Министерот за економија Крешник Бектеши утрово, во врска со најавената мерка за замрзнување на цената на лебот која, според најавите, треба да се донесе денеска, рече дека „одлуките најверојатно ќе бидат во насока на заштита на граѓаните“.
-Ќе имаме дополнителна прес-конференција со премиерот Ковачевски. Знам дека се тема последните одлуки. Одлуките најверојатно ќе бидат во насока на заштита на граѓаните, истакна Бектеши.
Вчера мелничарите се заканија дека ако Владата донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, како што најави министерот Бектеши во саботата, ќе го прекинат производството.