Бектеши за антистрес терапијата кај Груби во канцеларија: Да бевме во странство, сите ќе аплаудираа!

by Fokus

„Тоа видео да се направеше во странство, ќе добиевме аплауз“, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ што ќе се емитува во недела.

Бектеши беше дел од функционерите кои се снимаа во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби како играат фудбал и кошарка.

„Јас мислам тоа видео да се направеше во странство, сите ќе аплаудираа, но кон ДУИ се упатуваат сите стрели затоа што е најстабилна политичка партија и затоа има такви реакции за жал. Мене ми е криво што се креира една негативна енергија генерално во општеството заради тоа што такво видео не е во фазла употреба, туку тоа може да се направи во секое работно место. Ние сме колеги и го направивме како антистрес, без да сакаме да пратиме некому порака“, рече Бектеши.

Поврзани новости